Силен земјотрес утрово ја погоди северозападната турска провинција Дузче во кој се повредени 35 луѓе, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Advertisements

Тој на Твитер напиша дека вкупно 32 лица се повредени во Дузче, каде бил епицентарот на земјотресот, а три лица се повредени и во провинциите Истанбул, Болу и Зонгулдак.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил областа Гољака, се случил во 4:08 часот наутро.

Како што пренесе Анадолија, земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километри.

Прикажи повеќе