Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на социјалната мрежа Фејсбук објави видео со изјави на високи претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои се изнесуваат обвинувања против ДУИ за криминал и корупција.
– Континуирано со години различни актери со напори да и наштетат на ДУИ, како и да ја искористат за остварување на целите на нивните секојдневни партиски политики, напиша Али Ахмети на својата фејсбук-страница.