Јувентус шокантно загуби од Макаби Хаифа (2-0) во Израел, но и покрај тоа Масимилијано Алегри ќе остане на клупата на најтрофејниот италијански клуб. Претседателот на клубот, Андреа Ањели, го потврди тоа давајќи му поддршка на стратегот.
„Масимилијано Алегри е наш тренер и ќе остане на клупата. По еден пораз се чувствувам засрамен и бесен, исто како и сите навивачи. Но, не може само еден човек да е виновник, целиот тим потфрли и има дел од вината“, изјави Ањели за „Скај Спорт“.
Јувентус по четири кола има само една победа и три порази во Лигата на шампионите и само минимални шанси да ја мине групната фаза.