Голманот на Баерн Минхен, Манyeл Нојер е опериран. Германскиот голман денеска успешно ја мина операцијата на менискусот и токму баварскиот клуб ја потврди веста.
Според „Билд“, оваа операција се очекува да го оддалечи голманот на баварската екипа за 4 до 6 недели.
На овој начин Нојер ги губи некои од најважните натпревари кои ќе ги одигра Баерн Минхен во оваа фаза од сезоната.