Роберто Фирмино на крајот од минатата сезона си замина од Ливерпул барајќи нов предизвик. Изгледа дека тој предизвик не е Јувентус, Милан или МЛС – лигата, каде што медиумите го „трансферираа“ претходните недели, туку Ал-Ахли од Џеда, тим кој минатата сезона играше во втората лига на Саудиска Арабија, но брзо се врати во елитниот ранг.

Ал-Ахли му испратил на Фирмино предлог за тригодишен договор, според кој бразилецот би заработил 60 милиони евра.

Влијателните светски медиуми пренесуваат дека Фирмино од Ал-Ахли го делат само лекарските прегледи. Таму неодамна се пресели и поранешниот голман на Челси, Едуард Менди, а се враќа и Езгјан Алиоски по позајмицата во Фенербахче.

Прикажи повеќе