Манчестер Сити го посакува фудбалерот од средниот ред на Интер, Николо Барела. Италијанскиот репрезентативец би можел да биде доведен на „Итихад“ како замена за Бернардо Силва, тврди „Тутомеркато“.

Во моментов се водат преговори меѓу „граѓаните“ и Пари Сен Жермен за продажба на Бернардо Силва. Доколку двете страни постигнат договор, 28-годишниот португалец ќе се упати на „Паркот на принцовите“, а се очекува Сити да добие близу 100 милиони евра отштета.

Пеп Гвардиола е подготвен да ја реинвестира оваа сума во доведување на нов плејмејкер од неговата класа. Затоа се насочи кон Барела. Менаџерот е импресиониран од класата и лидерските квалитети на 26-годишниот италијанец и сака да го донесе на „Итихад“.

Сепак, евентуалниот договор за Барела нема да биде „лесен“ за Сити. Се очекува Интер да побара 120 милиони за правата на играчот од средниот ред, кој има договор со клубот до 2026 година.

Прикажи повеќе