Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос се очекува да отсуствува на натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на Шампионите. Шпанецот повторно заработи повреда на мускулот и најверојатно нема да биде подготвен за натпреварот против поранешниот тим, во 1/8 од Лигата на шампионите.
ПСЖ на 15 февруари ќе се соочи со Реал Мадрид и најверојатно Рамос нема да биде подготвен за оваа средба. Тој се уште не тренирал со соиграчите, а францускиот медиум „RMC Sport“ пренесува дека нема да биде подготвен за овој важен натпревар за францускиот клуб.
Рамос одигра само пет натпревари ова издание во сите натпреварувања, од кои заврши само два и постигна еден гол.