Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе на 22 јули ќе ја има својата промоција како ново големо засилување на Реал Мадрид, откриваат медиумите во Шпанија.

Двата клуба интензивно преговараат, а засега разликата во финансиските побарувања е околу 80 милиони евра. Понудата на Реал Мадрид изнесува 200 милиони евра, плус откупна клаузула од 20 милиони евра, додека ПСЖ бара огромни 250 милиони евра, плус откупна клаузула од 50 милиони евра.

Напаѓачот веќе ги договорил личните услови со „кралевите“. Тој ќе добива 30 милиони евра годишно на „Сантијаго Бернабеу“ и треба да потпише петгодишен договор.

Французинот ќе задржи 65% од имиџ правата, а за потпишувањето на договорот ќе добие бонус од 90 милиони евра. Мбапе веќе го извести Париз Сен Жермен дека не сака да потпише нов договор, а емирот од Катар му постави ултиматум. Ако не го продолжи договорот, тогаш ќе биде продаден.

Прикажи повеќе