Францускиот првак Пари Сен Жермен нема лесно да се помири со одлуката на Килијан Мбапе да не потпише нов договор. Тоа значи дека ќе треба да го продаде многу брзо, затоа што следното лето би можел да замине како слободен агент.

Раководството на ПСЖ сега има нова неверојатна понуда за француската фудбалска ѕвезда. „Светците“ му нудат заработка од една милијарда евра доколку Мбапе и во следните десет години одлучи да го носи дресот на ПСЖ.

Мбапе досега одбиваше да потпише нов договор, а истовремено сака да го добие бонусот за лојалност и потоа ќе чека ПСЖ да се согласи да го продаде во Реал Мадрид. Засега нема реакција од негова страна на најновата понуда од ПСЖ.

Мбапе дојде во ПСЖ во 2017 година, стана голема ѕвезда, тој е петкратен шампион на Франција со клубот и трипати го освои Купот на Франција.

Прикажи повеќе