Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го победија Голден Стејт со 122:101 и со 4:2 се пласираа во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА, каде прoтивници ќе им бидат Денвер Нагетс.

Лејкерси ги предводеше брилијантниот Леброн Џејмс со 30 поени, девет скока и 9 асистенции. Тоа беше прв пат од петтиот натпревар од големото финале во 2020 година Џејмс да постигне повеќе од 30 поени во плејофот. Под водство на тренерот Стив Кер, ова е првиот пораз на Вориорс во плеј оф серија пред големото финале. Стеф Кари беше најефикасен со 32 поени, а Клеј Томпсон промаши 16 од 19 шута и даде само 8 поени.

Во конференциското финале, Лејкерси играат со Нагетс на Никола Јокиќ, кого го победија во 2020 година во Западното финале во „меурот“, во Орландо. Денвер ќе има предност на домашен терен. Кошаркарите на Мајами го совладаа Њујорк на домашен терен со 96:92 и се пласираа во финалето на плејофот на Источната конференција на НБА.Најефикасен беше Џими Батлер со 24 поени. На Никс не им помогна брилијантниот Џејлен Брансон со 41 поен.

Прикажи повеќе