Елиф Елмас е дел од историјата на Наполи, ако се суди според фактот дека тимот од Неапол успеа да стигне само до третата победа на гостински терен против Јувентус во последните 30 години меѓусебни дуели.

Advertisements

Елмас беше еден од најзаслужните за триумфот на наполитанците од 0-1 против „Старата дама“ во 31. коло од Серија А, со кој Наполи веќе извесно си ја обезбедува титулата во Италија. Македонскиот репрезентативец во 93. минута одлично асистираше за погодокот на Распадори со кој Наполи дојде до само трета победа од 1992 година против Јувентус во Торино

ретходно Наполи победил само уште на 31. октомври 2009 година со 2-3, со два гола на Хамшик и еден на Датоло, и во 2018 година со 0-1 со голот на Кулибали во 90. минута.

Прикажи повеќе