Најсилната кошаркарска лига на светот НБА се пофали со нов рекорд на посетеност, откако објави дека преку 22 милиони луѓе биле присутни сезонава низ Арените за време на регуларниот дел од сезоната.

Advertisements

Според податоците на НБА, вкупно 22,23 милиони луѓе биле во салите на НБА-франшизите и за повеќе од 100.000 гледачи е урнат досегашниот рекорд на посетеност од 21,12 милиони луѓе во сезоната 2017/18.

Просечната посета на мечевите во НБА надмина 18.000 гледачи, поточно 18.077, а процентуалната исполнетост на салите во најсилната кошаркарска лига дошла до 97 отсто.

НБА исто така објави дека е урнат уште еден рекорд по број на распродадени мечеви, па сезонава имало 791 распродаден меч, дури 31 повеќе од претходниот рекорд од 760 распродадени средби во сезоната 2018/19. /Sport1.mk/

Прикажи повеќе