Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека е договорен трансфер на Марсело Брозовиќ во Ал Наср, Интер ќе инкасира околу 23 милиони евра, а Хрватот ќе добие тригодишен договор со плата од 20 милиони евра по сезона. Наместо трансфер во Барса, Марсело Брозовиќ реши да му стане нов соиграч на Кристијано Роналдо.

Како што пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио, Ал Наср постигнал договор со Интер за трансфер вреден околу 23 милиони евра.

Клубот од Саудиска Арабија со Хрватот си подал рака за тригодишна соработка и плата од 20 милиони евра по сезона.

Прикажи повеќе