Карло Анчелоти често знае да биде добар прогнозер. На приме, во февруари по натпреварот Реал-Осасуна на колегата Јагобе Арасате и му порача дека повторно ќе ссе видат во финалето на Купот на кралот. Прогнозата се покажа како точна, Реал и Осасуна ќе се борат за овој трофрј на 6 мај.

Advertisements

Тренерот на Реал има прогноза и за финалистите во Лигата на шампионите. Ова го откри спортскиот директор на Милан и легенда на клубот од „Сан Сиро“, Паоло Малдини.

„Ми се јави веднаш по ждрепката и ми рече: „Паоло, се гледаме во Истанбул, добро?“, тврди Малдини.

За да се оствари прогнозата на Анчелоти и да се сретнат Реал и Милан во Истанбул на 10 јуни, Реал ќе треба да го елиминира Челзи во четвртфиналето, а потоа да слави против подобриот од натпреварите меѓу Манчестер Сити и Баерн.

Милан го очекуваат два четвртфинални натпревари против Наполи, а евентуалниот успех ќе му донесе полуфинале и две средби со подобриот од Бенфика и Интер.

Прикажи повеќе