Саудискиот клуб Ал-Хилал доби негативен одговор од Килијан Мбапе, кому му понуи неверојатни 700 милиони евра за едногодошен договор, но патувањето до Париз за челниците на клубот, сепак, не беше залудно.

Тие успеаја да го договорат трансферот на италијанскиот репрезентативец Марко Верати Како што открива „Л’Екип“, преговорите се случиле експресно, а Верати ја прифатил понудата за двегодишен договор, според кој ќе заработува многу поголема плата од онаа во ПСЖ.

Ал-Хилал го претстави и бразилецот Малком, кој доаѓа од рускиот Зенит, а претходно беше член и на Барселона.

Прикажи повеќе