Најмалку 70 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени во текот на ноќта во израелските воздушни напади врз Газа, соопштија жителите и властите во енклавата.
Според нив, нападот се случил само неколку часа по постигнатиот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, пренесе Ројтерс.
Договорот, со посредство на Катар, Египет и САД, треба да стапи на сила во недела и повикува на шестнеделен прекин на огнот со постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа.
Палестинското Министерство за здравство претходно објави дека во израелските напади врз Газа загинале најмалку 1.799 луѓе, а 6.488 се повредени.
Текстот Најмалку 70 лица загинаа, а 200 се повредени во синоќешните напади во Газа е превземен од МАКФАКС.