По неуспешниот обид вчера за ослободување на гигантскиот товарен брод што неколку денови го блокира Суецкиот канал, американската морнарица на Блискиот исток планира денес да испрати група свои експерти на местото на настанот, а Турција исто така нуди помош.
Во меѓувреме, се создава невиден метеж во каналот и околните мориња. Според последните информации, бродот сѐ уште е во иста позиција.
– Advertisement –
„Ever Given“, брод со знаме на Панама, кој превезува товар помеѓу Азија и Европа, долг 400 метри и широк околу 60 метри (колку четири фудбалски игралишта), се насука во вторникот во вештачкиот канал што ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров.