Експлозии се слушнаа денеска во сирискиот главен град Дамаск, во близина на хотел каде што требаше да престојува францускиот претседател Емануел Макрон, потврди безбедносен извор, јавува Ројтерс.

Патиштата беа блокирани, а безбедносните мерки беа засилени по експлозиите. Сведок на Ројтерс во близина ги слушнал експлозиите и видел како чад се крева од местото на настанот.

Прва посета на лидер на ЕУ по соборувањето на Асад
Посетата на Емануел Макрон е прва од водечки лидер на Европската Унија на Дамаск откако беше соборен сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Текстот (Видео) Експлозии во Дамаск во близина на хотелот каде што требаше да престојува Макрон е превземен од МАКФАКС.