Викторија Бекам секогаш е сериозна на фотографиите. А зошто толку ретко се смее, е мистерија што со години ја мачи светската јавност. Неодамна им „здосадила“ и на нејзините сопствени деца, кои започнаа да ја задеваат на социјалните мрежи поради нејзиното „вечно сериозно лице“.

46-годишната Викторија не им остана должна и им возврати на „ударот“.

Instagram
Instagram

Имено, на својот инстаграм-профил, во саботата на 20 март кој од 2013 година е прогласен за интернационален Ден на среќата, Бекам објави неколку фотографии од минатото на кои всушност е насмеана.

Во описот на фотограгиите, славната Викторија напиша „Еве доказ дека се смеам“.

Instagram
Инстаграм

Неодамна, во едно интервју, самата рече дека најлошото прашање што некој може да ѝ го постави е „Зошто никогаш не се смееш?“.

Profimedia
Profimedia

Не знам, претпоставувам дека се смеам во себе. Мислам дека би изгледала навистина глупаво ако постојано шетам наоколу насмеана. Претпоставувам дека сум сериозно затоа што имам одговорност пред модната заедница“, изјави сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

Дејвид и Викторија се во брак од 1999 година и се родители на Ромео, Круз, Бруклин и ќерката Харпер.