Филмот ѝ го посвети на трагично загинатата ќерка, која многу се радувала на ова остварување и требала да учествува во него…
Данскиот режисер Томас Винтерберг ѝ го посвети Оскарот за најдобар меѓународен филм на својата трагично загината ќерка Ида која настрадала само четири дена пред почетокот на снимањето на филмот.
19-годишната Ида починала кога возач кој при возењето пишувал пораки на мобилниот телефон се забил во автомобилот кој го возела сопругата на режисерот Хелена.
„Сакавме да направиме филм кој го слави животот, а четири дена пред почетокот на снимањето се случи невозможното“, го започна емотивниот говор, Винтерберг.
„Сообраќајна несреќа ја однесе мојата ќерка. Некој гледал во телефонот. Ни недостасува и многу ја сакаме. А два месеци пред почетокот на снимањето и два месеци пред да загине беше во Африка… Ми испрати писмо, го прочитала сценариото и била многу возбудена. Го обожаваше овој филм…Требаше да биде дел од ова“, изјави режисерот.
Thomas Vinterberg remembers his late daughter in moving acceptance speech: “This is a miracle that just happened—and you’re a part of this miracle. Maybe you’ve been pulling some strings somewhere, I don’t know. But this one is for you.” https://t.co/sdgeoBK7lX #Oscars pic.twitter.com/ulzde1Acv4
— ABC News (@ABC) April 26, 2021
Во еден момент тој не можеше да ги сокрие солзите…
„На крајот го снимивме овој филм како посвета за неа. Значи, Ида, ова е чудо кое штотуку се случи и ти си дел од тоа чудо. Можеби од некаде ги влечеше конците, не знам, но ова е за тебе“, ѝ се обрати тој на починатата ќерка и додаде:
„Ако некој се осмели да поверува дека таа сега е некако меѓу нас, ќе може да ја види како аплаудира и се радува со нас“, додаде Винтерберг.