Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ моментално е на одмор со своето семејство во Црна Гора, а слободното време го искористи за да оди на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови. Сепак, не се задржа долго во публиката – во еден момент се качи на сцената и стана една од главните ѕвезди на вечерта.

Ѓоковиќ им се придружи на Владо Георгиев и Нигор на сцената, го зеде микрофонот и ја пееше „Тропски бар“.

@imisskatarina #novakdjokovic #vladogeorgiev #crnagora #balkan #viral ♬ izvorni zvuk – imisskatarina

Видеото на кое Ѓоковиќ пее и танцува брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што следеа реакции од воодушевени следбеници.

„Каков нормален човек! Каков император, му посакувам се најдобро што е светски император, а и наш“, „Дали сум единствениот што го гледа ова по 73-ти пат?“, „Како им оди“ и „Какви легенди“, се само дел од коментарите.

По паузата, се очекува Ѓоковиќ да продолжи со подготовките за американскиот дел од сезоната. Фокусот ќе биде на Отвореното првенство на САД, последниот Гренд слем турнир во годината.

Текстот (Видео) Ѓоковиќ се опушти на концерт на Владо Георгиев: „Дали сум единствениот што го гледа ова по 73-ти пат?“ е превземен од МАКФАКС.