Френсис Тиафо и Данил Медведев се првите полуфиналисти на Мастерсот во “Индијан Велс”. Во првото четвртфинале Френсис Тиафо го нокаутира Камерон Нори, 12-от играч во светот,  во два сета – 6-4, 6-4 по час и 25 минути игра.

Во првиот сет на Тиафо му беше доволен еден брејк за водство, но во вториот видовме дури пет. Американецот беше тој кој што успеа да направи еден повеќе и да забележи голема победа вредна место меѓу најдобрите четири.

Во вториот меч од четвртфиналната фаза, Данил Медведев во два сета беше подобар од Александар Давидович-Фокина. Русинот славеше со 6-3, 7-5. По еден брејк му беа доволни на Медведев во двата сета. Во првиот сè реши во вториот гем, а во вториот сет борбата беше пожестока и одлучувачки беше 11. гем.

Во преостанатите две четвртфиналиња в четврток ќе се сретнат Карлос Алкараз и Феликс Огер-Алиасим и Тејлор Фриц и Јаник Синер./Gol.mk/

Прикажи повеќе