Лидерот на националистичката популистичка партија Шведски демократи Џими Акесон прогласи победа на десничарскиот блок на изборите одржани во Шведска изминатиот викенд, а премиерката Магдалена Андерсон го призна поразот.
Со речиси сите преброени гласови, десничарскиот блок од четири партии, во кој се и Шведските демократи, освои тесно мнозинство во шведскиот парламент со 349 места. Десничарскиот блок освои 176 места во парламентот од 349 места, а централно-левиот блок на премиерката Андерсон освои 173 места. Малиот број гласови кои се уште не се преброени не може да го промени конечниот исход од изборите.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон призна пораз на левицата и победа на блокот на десницата и екстремната десница.