За време на панел-дискусијата на „On Her Own Terms: Halle Berry on Menopause, Aging & Women’s Health“ – организиран од „Create & Cultivate“ во Лос Анџелес – Хали Бери одговараше на низа брзи прашања.
Холивудската актерка Хали Бери неодамна го прослави својот 60-ти роденден објавувајќи серија провокативни фотографии на Инстаграм. Сепак, познатата „жена-мачка“ доследно ја прифаќа својата возраст и е благодарна што изгледа толку добро додека чекори кон својата седма деценија.
Не е тајна дека таа отворено зборува за сè, вклучително и за различните проблеми и состојби со кои се соочуваат жените како што стареат.
На споменатата панел-дискусија, од неа беше побарано да ја доврши реченицата за тоа што сè повеќе го „прифаќа“ како што минуваат годините.
„Моето ново лице и тело“, одговори Бери, правејќи кратка пауза, пренесува магазинот People.
„Тие се менуваат. Секој ден се гледам во огледало и си помислувам: ‘Боже, еве нешто што го немаше минатата недела’. Но, она со што се гордеам е тоа што научив да ги прифаќам тие промени и да не се претворам во чудовиште со помош на сите оние работи што ни се достапни денес.“
„Можам да го прифатам стареењето како природен дел од животот и да знам дека сум многу повеќе од ова тело и ова лице во кои егзистирам“, додаде Хали.
Нејзината изјава во врска со прифаќањето на промените на лицето и телото уследи по нејзината соработка во јули со компанијата „Joylux“ за лансирање нов гел против вагинална сувост, наречен „Juicy Like a Peach“.
„Ниту еден од моите лекари никогаш не ми спомна менопауза, перименопауза, промени поврзани со возраста – ништо. Сите само ми велеа: ‘Изгледаш одлично’. Никогаш не ми кажаа дека, без оглед на тоа како изгледаш, хормоните се менуваат, а телото старее одвнатре. Како никој да не се осмелуваше да го каже тоа“, додаде Хали.
Таа го спореди новиот производ со она што Виаграта го претставува за мажите.
„Тој ни овозможува да одржуваме влажност, да имаме секс без болка, повторно да се чувствуваме самоуверено и да бидеме спонтани. Тоа ми го промени сексуалниот живот. Самоувереноста ми се врати. Сега, секогаш сум подготвена.“
Текстот (Фото) „Учам да го прифатам моето ново лице и тело, не сакам да се претворам во чудовиште“ е превземен од МАКФАКС.























