Францускиот фудбалски репрезентативец Едуардо Камавинга го пропушти последниот тренинг на репрезентацијата во Катар, поради повреда на мускулот. Според француските медиуми, селекторот Дидие Дешамп одработи лесен тренинг со играчите, но реши да го остави Камавинга во соблекувалната. Франција има големи проблеми со повредите на своите фудбалери во пресрет на првиот натпревар на Светското првенство.
Актуелниот светски првак во Катар не може да смета на Карим Бензема, Пол Погба, Н’Голо Канте, Преснел Кимпембе и Кристофер Нкунку, додека Рафаел Варан е во тимот во Катар, но не заздрави од повредата.
Франција на Светското првенство, ќе игра во групата Д со Австралија, Данска и Тунис. Светскиот првак во вторник во првото коло ќе игра против Австралија.