Долги години Јувентус беше недопирлив на Апенините, но во последните сезони има пад, па популарните „бјанконери“ веќе не се конкурентни за „скудетото“, а во 2022 година не освоија ниту еден трофеј. Пред неколку седмици дојде нов сериозен удар бидејќи беше донесена одлука на Јувентус да му бидат одземат 15 бода, па тимот се пресели во долниот дел од табелата во Серија А.

Во изминатите месеци многу играчи беа испрашувани додека се водеше истрагата, а навивачите сметаат дека Матија Де Шилјо е тој што „пропеал“ и им открил сѐ на истражителите.

Де Шилјо не беше долго време на теренот поради повреда. Тој доби шанса на последните два првенствени натпревари против Монца и Салернитана и навивачите веднаш се нафрлија кон него.

„Размислувам само за теренот. Треба да ме судат врз основа на тоа што го правам на теренот. За останатите работи, јас не згрешив ништо. Секогаш давам максимум на теренот за овој дрес бидејќи за мене тимот и клубот Јувентус се приоритет“, изјави Де Шилјо по натпреварот против Салернитана.

Прикажи повеќе