На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори.

Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива.

Пациентката е со уреден постоперативен тек, соопштија надлежните.

„Трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.
Огромна благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите“, е нагласено во информацијата.