Според астрологот Џошуа Пингл, летото 2026 година носи позитивен пресврт за три хороскопски знаци кои зад себе оставаат тежок период и влегуваат во фаза на раст и нови можности.
Лав
Од крајот на јуни, кога Јупитер ќе влезе во знакот Лав, се отвораат можности за напредок, оптимизам и личен развој. Лавовите ќе бидат охрабрени да преземат ризици и да се ослободат од навики и уверувања што повеќе не им служат.
Водолија
Од 26 јули, Северниот јазол влегува во Водолија и носи нов правец во животот. Можно е отворање на нови можности и значајни промени, но Водолиите ќе ги прифатат со леснотија и љубопитност.
Близнаци
Летово Близнаците ќе станат посигурни во себе и помалку ќе се грижат за туѓите мислења. Влијанието на Уран ќе ги поттикне да бидат пооригинални, да ги рушат правилата и да прават работи на свој начин, дури и ако тоа предизвика реакции кај околината.
Текстот Ѕвездите ова лето ќе наградат три хороскопски знаци е превземен од МАКФАКС.












