Лука Модриќ остана без можност да се бори за титулата на Светското првенство (СП) откако вечерва неговиот национален тим загуби од Аргентина со 0-3. Модриќ им честиташе на Аргентинците за победата и кажа дека биле подобри на теренот, но имаше коментар и за судијата.
„Аргентина заслужено победи вечерва, тие беа подобри на теренот и заслужија да слават. Имаше некои работи за кои не сакам да коментирам, но вечерва не можам да премолчам. Не сакам да зборувам за судиите, но овој беше ужасен. Нема да го паметам по добро, ова беше катастрофа. Според мене, Аргентина не требаше да добие пенал“, кажа ѕвездата на Реал Мадрид.
Хрватот му посака среќа и на неговиот голем ривал, Лионел Меси кој ќе се бори за пехарот кој му недостига во богатата колекција.
„Му посакувам среќа во финалето, тој е еден од најголемите“, порача Модриќ.