ПСЖ и оваа сезона нема да стигне до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампиони. „Светците“, сезоната во елитното натпреварување ја завршија во осминафиналето. Баерн во двата натпревари победи со вкупен резултат 3:0. Килијан Мбапе беше многу реален во својот коментар по елиминацијата од Баерн.
„Многу сме разочарани. Мораме да се свртиме кон други предизвици. Баерн има тим изграден за да ја освои Лигата на шампионите. Што се однесува до нас, ова беше максимумот. Немаме избор, мора да се вратиме на секојдневниот живот, а тоа се натпреварите во Лигата 1“, рече Мбапе.
По елиминацијата во осминафиналето прашање е дали Мбапе ќе сака да остане во Париз и наредната сезона. Неговиот договор со клубот истекува во јуни 2024 година.
„Не знам што би рекол на таа тема. Сега би сакал да зборувам само за актуелната сезона, ништо друго не ме интересира. Мирен сум, да видиме како ќе заврши се, па потоа ќе зборувајте за мојата иднина“, изјави Мбапе.