Cпортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос категорично ги демантира сите вести за Килијан Мбапе, дека побарал да го напушти Париз веќе во јануари.

„Тука сум јасно да демантирам. Мбапе не разговарал со мене или со претседателот за заминување во јануари. Ова прашање никогаш не се појави во нашите разговори. Секојдневно има гласини и не можеме да зборуваме за нив. Но, оваа е многу сериозна. Затоа што во неа се споменува и моето име. Ова не е вистинска вест и сигурно нема да го наруши тимот“, изјави Луис Кампос.

ПСЖ синоќа одигра 1-1 против Бенфика, а Килијан Мбапе од пенал го постигна единствениот гол за „светците“. За Мбапе ова беше 31-от гол во дресот на парижаните во Лигата на шампионите и со тоа го надмина досегашниот рекордер Единсон Кавани, па Французинот сега е најдобриот стрелец на ПСЖ во историјата во најелитното европско натпреварување.

Прикажи повеќе