Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси одиграа маестрално и славеа против Голден Стејт Вориорс со 113-105. На пресметката во „Крипто.ком Арена“, во тимот на домашните го немаше најдобриот кошаркар Леброн Џејмс, ама Ентони Дејвис презеде контрола и со одличен натпревар го водеше тимот до победата.

Шампионот се врати во игра и на одмор замина со само поен дефицит. И покрај тоа Лејкерси не си дозволуваа да влезат во негатива и во неизвесен финиш дојдоа до победата. Ентони Дејвис го заврши мечот со 39 поени и осум скока, додека кај „воините“ се истакнаа Кари со 27 и Томпсон со 22 поени

На остантите терени Клиперси славеа со Мемфис (135-129), Оклахома беше подобра од Јута (129-119), Хјустон го совлада Сан Антонио (142-110) и Бруклин триумфира со Шарлот (102-86). Гостински победи пак запишаа Индијана во Чикаго (122-125), Портланд кај Орландо (119-122), Милвоки во престолнината (111-117) и Никси по продолжение во Бостон (129-131).

Прикажи повеќе