
Имаме одлични односи со Република Северна Македонија, рече косовскиот премиер Албин Курти во „360 Степени“ на Алсат, честитајќи им на Скопје и на Тирана членство во НАТО и придвижување по вистинскиот пат кон ЕУ.
„Имаме многу добри односи со Северна Македонија. Северна Македонија веќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ и ние ѝ честитаме за ова. Заедно со Албанија, квалитативно напреднаа. Заедно со Албанија се членки на НАТО, како и Црна Гора. Ние сме заинтересирани во регионот на Западен Балкан да имаме што повеќе од Европската унија и што е можно повеќе од НАТО. Со премиерот Ковачевски имам многу добри, дури и пријателски односи, имам директен контакт, како што имав и со поранешниот премиер Зоран Заев, како и со претседателот Пендаровски. Верувам дека и последните бројки покажуваат дека односите меѓу нашите две земји напредуваат“, рече Курти.