Ученикот кој утрово беше избоден во Електротехничкото училиште во Загреб моментално е во операционата сала, објавија хрватските медиуми.
„Синот ми се јави нешто пред 8 часот наутро и рече: ‘Мамо, повикај брза помош и полиција’“, изјави мајката на повредениот ученик за РТЛ. Таа вели дека веднаш прашала дали го удрил автомобил, на што тој одговорил: „Не, мамо, избоден сум“.
„Во тој момент ми падна телефонот. Го прашав: ‘Сине, што зборуваш?’, а тој рече: ‘Мамо, само повикај брза помош’, и потоа врската се прекина“, раскажа таа. Вели дека му се јавила назад, но наместо него се јавил наставник и рекол: „Вашето дете е избодено“.
„Никој од училиштето не ми се јави“
Жртвата е ученик во прва година средно училиште, а напаѓачот е исто така ученик во прва година. „Синот ми моментално е во операциона сала, а јас чекам во ходникот“, изјави мајката на повредениот ученик.
Првично ѝ било кажано дека синот е однесен во болницата „Клаиќева“, па таа отишла таму да го бара. Подоцна била информирана дека синот всушност се наоѓа во КБЦ Загреб. Таа тврди дека никој од училиштето официјално не ѝ се јавил за да ѝ даде каква било информација за нејзиниот син.
Текстот (Видео) Мајката на ранетиот ученик во Загреб: Ми рече ‘мамо, само повикај брза помош’, а потоа врската се прекина е превземен од МАКФАКС.














