Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00 часот, во средно училиште во Загреб, при што еден ученик избоде друг ученик и член на персоналот за одржување хигиена. Напаѓачот е во полициски притвор, а повредените добиваат лекарска помош.
Според неофицијални информации, напаѓачот носел фантомка за време на насилниот инцидент, објавуваат хрватските медиуми.
Полицијата го потврди нападот; повредените пренесени во болница на носилки
Полициската управа на Загреб официјално го потврди нападот.
„Денес, 11 септември, околу 8:00 часот, во образовна установа на улицата ‘Конавоска’ во Загреб се случи инцидент во кој ученик со остар предмет повредил друг ученик и вработен во установата. Ученикот што ги нанел повредите е во полициски притвор. Повредените добија лекарска помош, а полицијата врши увид на лице место и спроведува криминалистичка истрага за да се утврдат сите околности на настанот“, соопшти полицијата.
Текстот (Видео) Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб е превземен од МАКФАКС.














