Сезоната на Стрелецот, која трае од 22 ноември до 21 декември, според астролошките прогнози носи повеќе оптимизам и нови љубовни можности. Неочекувани средби се можни околу полната Месечина на 24 ноември, а младата Месечина на 9 декември би можела да означи нов почеток за Лавовите, Вагите и Стрелците.
Лавовите ќе бидат порасположени за флерт и дружење. Околу 24 ноември, некој од нивниот круг на пријатели би можел да им го привлече вниманието на нов начин. На почетокот на декември, спонтаното запознавање би можело да прерасне во сериозна врска.
На Вагите им се враќа самодовербата во љубовта. Може да ги привлече некој што доаѓа оддалеку или им отвора нови видици. По 4 декември, почетната вљубеност би можела да прерасне во нешто потрајно.
За Стрелците, неочекувана средба околу 24 ноември би можела да донесе пресврт во љубовниот живот. Од 6 декември полесно ќе ги изразуваат чувствата, а младата Месечина на 9 декември, според прогнозата, им отвора простор за нов почеток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

















