Според научникот и фотограф, Д-р. Роџер Кларк, резолуцијата на човечкото око е 576 мегапиксели. Разликата е огромна доколку ова го споредите со камера од 12 мегапиксели од вашиот телефон. Но, што значи тоа? Дали човечкото око е навистина аналогно на камерата?
Резолуцијата од 576 мегапиксели значи дека ако би креирале екран со слика која е толку оштра и јасна до степен да не можете да направите разлика на поединечни пиксели, ќе морате да спакувате 576 мегапиксели во областа на големината на вашето видно поле.
За да дојде до овој број, Д-р. Кларк претпоставил оптимална визуелна оштрина во видното поле, односно претпоставил дека вашите очи се движат по објектот кој се наоѓа пред вас. Но во еден поглед, резолуцијата се намалува за околу 5-15 мегапиксели.
Тоа е така затоа што вашите очи имаат многу маани кои камерата не ги прифаќа. Сцените во висока резолуција ги гледате само на многу мал простор, и тоа во центарот на вашето видно поле. Имате мртва точка каде вашиот оптички живец се среќава со мрежницата.
Ги мрдате очите по сцените не само за да соберете повеќе информации, туку и за да ги исправите сите несовршености во вашиот визуелен систем.
Меѓутоа, окото не е објектив на фотоапарат кој собира снимки во вашата мемориска банка. Окото е повеќе налик детектив кој собира информации, податоци и траги од околината, а потоа нив ги испраќа во мозокот за да се формира целосна слика. Секако, веќе постои резолуција на екранот на кој нашите очи не можат да разликуваат пиксели.