Ирина Шајк едвај чека лето, а веќе со недели, на нејзините жешки фотографии од базен или плажа им нема крај.
Познатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно објави серија провокативни фотографии, а овој пат, како и сите претходни, таа беше, меѓу другото, во бикини.
Единствената разлика сега беше што една особено провокативна фотографија се „поткраде“ во серијата фотографии. Само за најупорните, кои „скролаа“ малку подалеку, Ирина позираше во када, целосно гола, додека интимните делови ги покриваше со ливчиња од роза.
„Во лето не правам ништо и возам велосипед“, напиша убавицата во описот на објавата, а покажа и дека ужива во возењето навечер.
Уште еднаш, фаталната Русинка го покажа својот зачудувачки изглед, а нејзината колешка Емили Ратајковски, која е повеќе од позната по своите голи изданија и објави во топлес, исто така ѝ упати комплимент.
Ирина Шајк редовно привлекува внимание со својот изглед, а благодарение на нејзиниот „строг“ израз на лицето и специфичната убавина, многу луѓе ја рангираат меѓу најубавите жени во светот. Таа сигурно е меѓу најубавите, никој не може да го негира тоа.
Текстот (Фото) Жешки снимки од „ледената“ Русинка – позираше целосно гола е превземен од МАКФАКС.














