Шпанскиот голман Давид де Хеа и пејачката Едурне Гарсија одлучија да стават крај на својата врска, пренесуваат шпанските медиуми.

Давид де Хеа и Едурне Гарсија ја започнаа својата врска во 2010 година, а стапија во брак во 2023 година. Тие имаат петгодишна ќерка, Јанај. Двојката ја негуваше својата врска 16 години, но, според шпанските медиуми, сега одлучија да се разделат.

Според информациите, одлуката за разделба ја донел самиот голман. Како една од главните причини се наведува тоа што живеат на различни локации – Де Хеа ја продолжува кариерата во Италија, додека Едурне и нивната ќерка Јанај останаа во Шпанија.

Според шпанските медиуми, проблемите во нивната врска станале поизразени откако Де Хеа потпиша договор со Фиорентина во летото 2024 година и се пресели во Италија.

Како што пренесува шпанскиот медиум „Марка“, физичката оддалеченост создала сè поголем притисок врз нивната врска, која на крајот – како што се чини – „попуштила под притисокот“.

Двојката сè уште нема дадено коментар за овие написи, а официјално соопштение сè уште нема.