Изливите на гнев, вознемиреноста при разделба и постојаните прашања од типот „зошто?“ всушност можат да бидат знак дека одгледувате среќно и здраво дете.
Цмиздрењето, држењето за родителот и ненадејните промени во расположението се едноставно дел од секојдневието кога имате деца – и можат целосно да ве излудат. Сепак, добрата вест е што во повеќето случаи, ваквото однесување е всушност знак дека правите нешто како што треба.
Според експертите, ваквото однесување е всушност голем комплимент – доказ дека сте одличен родител.
Како што наведува списанието Pa e ts, овие 6 знака и примери на однесување можеби на прв поглед изгледаат погрешно, но всушност се знак дека правите сè сосема правилно:
Не грижете се – ова всушност е знак дека работите се одвиваат токму онака како што треба. Детето кое зборува само со себе за време на играта се чувствува доволно опуштено за да се ослободи од стегите и целосно да се препушти на сопствената имагинација.
Да, тоа може да ве натера да посакате да си ја удрите главата од ѕид, но тоа не значи дека вие сте причината за ваквото однесување. Децата всушност не се обидуваат намерно да ве излудат (иако можеби токму тоа го прават). Всушност, тие се обраќаат кон личноста за која знаат дека ќе биде тука за нив.
Ова може да изгледа како лошо однесување, но според д-р Ливер, „силните емоции дома често значат дека детето има доверба во вас во моментите кога е преплавено од своите чувства“.
Ова не значи дека ве сакаат помалку или дека нешто не е во ред со вашиот однос; тоа едноставно значи дека нивниот капацитет за саморегулација е исцрпен за тој ден, па емоциите излегуваат на површина таму каде што се чувствуваат најбезбедно.
Кога детето се чувствува сигурно покрај вас, тоа сака да поминува повеќе време во ваше друштво – до тој степен што може дури и да развие страв од одвојување од вас, па макар и само за една минута. Наместо да го гледате ова како нешто заморно или како знак за прекумерна зависност, сфатете го како показател за здрава емоционална врска.
Тие ги изразуваат сопствените размислувања и знаења бидејќи знаат дека нема да бидат отфрлени, и не се плашат да го споделат својот поглед на работите. Затоа, следниот пат кога ќе почувствувате нервоза бидејќи вашето дете се обидува да ве поправи, обидете се да го гледате тоа како нешто позитивно – бидејќи еден ден, во светот надвор од вашиот дом, тоа ќе го прави истото, а тоа ќе му помогне да стигне далеку.
















