Последниот натпревар на Кејлор Навас за Пари Сен Жермен го одигра на 21 мај, кога тимот на Маурисио Покетињо го победи Мец во натпревар од Лига 1, кој парижаните го добија со 5-0.

Advertisements

Повеќе од седум месеци подоцна, Навас ќе се врати да го брани голот на парискиот клуб, во натпреварот од Купот на Франција против Шатору.

Во пресрет на оваа средба, тренерот Кристоф Галтие на прес-конференцијата изјави дека Навас овој натпревар ќе го започне од првата минута.

„Ќе игра Кејлор. Тој го продолжи ритамот на тренинзите, со конкретна индивидуална работа со тренерот на голманите“, изјави Галтие.

Натпреварот меѓу Париз Сен Жермен и Шатору, ќе се игра вечерва (петок) во 21.00.

Прикажи повеќе