Интер очигледно веќе го прифати фактот дека ќе го загуби дефанзивецот Милан Шкриниар кој е пред трансфер во Пари Сен Жермен. „Газета дело спорт“ тврди дека „нероаѕурите“ се насочиле кон двајца играчи кои би можеле да го заменат словачкиот репрезентативец.
Првата опција е 19-годишниот талент на Аталанта, Џорџо Скалвини, но неговата цена е превисока – околу 50 милиони евра, а дополнително за него интерес има и од клубови од Премиер – лигата, како и од Баерн Минхен.
Поради оваа причина, поверојатна изгледа другата опција Тоа е 22-годишниот Тијаго Џало од Лил, кој може да биде доведен за околу 20 милиони евра. Интересно, Португалецот помина шест месеци во академијата на градскиот ривал Милан пред да биде продаден на францускиот клуб како дел од договорот за Рафаел Леао во 2019 година./Makfudbal/