Утрово на социјалните мрежи беа објавени видеа од Плетвар. Поради одрони и поплава сообраќајот на патот е целосно во прекин.,

Според објавеното видео, на патот има голема колона од возила, а возачите апелираат да се избегнува овој патен правец.

За сега нема информации кога ќе биде расчистен патот и кога ќе се нормализира сообраќајот.

„Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот“, информираат од АМСМ.