Вивијан Вилсон (22), трансродовата ќерка на Илон Маск со која тој не е во контакт, нагло прекина интервју на црвениот тепих во Ибица, откако доби прашање за нејзиниот татко.

Иако манекенката првично била добро расположена, атмосферата се променила кога новинарот ја прашал: „Вашиот татко е најдобар, нели?“. Вилсон збунето одговорила: „Мојот што? Ве молам?“, а откако прашањето било повторено, таа кратко рекла „Во ред“, се свртела и си заминала.

Вивијан, која е дете од првиот брак на Маск со Џастин Вилсон, во 2020 година објави дека е трансродова личност, а две години подоцна поднесе барање за промена на името и полот, нагласувајќи дека „не сака да биде поврзана со својот биолошки татко на ниту еден начин“.

Маск во повеќе наврати јавно зборуваше против неа:

Во 2023 година ја нарече „целосна комунистка“ која мисли дека сите богати луѓе се зли.

Во 2024 година во интервју со Џордан Питерсон изјави дека бил измамен да потпише документи за нејзината транзиција за време на пандемијата.

Тогаш Маск додаде: „Всушност, го изгубив синот. Мојот син Ксавиер е мртов, го уби woke-вирусот.“

Вилсон претходно во интервју за NBC News возврати на обвинувањата, опишувајќи го Маск како отсутен татко кој воопшто не ја познава. Таа тврдеше и дека претрпела малтретирање од негова страна.

„Тоа малку време што беше присутен, постојано ме малтретираше поради мојата женственост и затоа што сум квир“, изјави претходно Вивијан.

Инаку, технолошкиот милијардер Илон Маск (54) има вкупно 14 деца со четири различни партнерки.

Текстот Трансродовата ќерка на Илон Маск го прекина интервјуто по прашањето дали таа го има најдобриот татко е превземен од МАКФАКС.