Значајна потврда за реформскиот курс на државата и за работата на Министерството за правда дојде од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги поздрави континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда, соопшти Министерството за правда.
Од таму велат дека се особено горди на тоа што ЕУ го препознала усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација.
„Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација како конкретен и опиплив резултат на нашата посветеност. Овие стратешки документи претставуваат темел за изградба на поефикасни институции, посилно владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем. Министерството за правда останува цврсто посветено на спроведување на реформите, исполнување на европските стандарди и забрзување на евроинтегративниот процес“, се наведува во соопштението.
Од Министерството наведуваат дека признанието од највисоките европски претставници е потврда дека реформите даваат резултати, а нашата држава сигурно чекори кон своето место во европското семејство.
Текстот Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ, соопшти Министерството за правда е превземен од МАКФАКС.





















