Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, донел одлука според која максималната плата што еден фудбалер може да ја заработи во текот на една година во дресот на наполитанците е 4 милиони евра. Тоа во иднина ќе биде плафонот на расходите за плати за целиот тим и истиот не смее да надмине 80 милиони годишно.

Според „Газета дело Спорт“ сите фудбалери кои во моментов добиваат 4 или над 4 милиони евра (нето) годишно, ќе мора да ги ревидираат договорите со намалување на платата или да си заминат.

Нашиот „дијамант“ Ељиф Елмас не би требало да биде погоден од оваа рестриктивна политика на Де Лаурентис, затоа што според информациите неговата планата на годишно ниво е нешто над 2 милиони евра. Сепак, некои од стартерите како Полјакот Жиелински ќе мора да прифатат намалување на приходите или на лето да си заминат

Прикажи повеќе