Француската тенисерка Каролин Гарсија, која до неодамна беше шеста во светот, во голем стил ја заврши ВТА сезоната. Во финалето на завршниот Мастерс во американски Форт Ворт, 29. годишната тенисерка ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со резултат 2:0.

Во сетови беше 7:6 (4), 6:4 по 102 минути игра за тенисерката на Сен Жермен ан Леј, која ја освои 11. титула во кариерата. Гарсија ќе ја заврши сезоната на четвртото место на ВТА листата со што ќе го повторни најдобриот ранкинг во кариерата кој го имаше уште во 2018 година.

Гарсија блескаше во вториот дел од сезоната и успеа да се врати во самиот врв на светскиот тенис. Пред една беше под 70.та позиција на листата. Таа во последните шест месеци, покрај во Форт Ворт, освои титули и во Бад Хомбург, Варшава и Синсинати. Исто така, Каролин стана втората Французинка во историјата која го освоила последниот Мастерс, пред 17 години тоа го направи легендарната Амели Морезмо.

Во дуелот со Сабаленка, Французинката која во полуфиналето ја елиминира Марија Сакари, не се соочи со ниту една брејк топка и заслужено дојде до трофејот./Makfax/

Прикажи повеќе