Францускиот Уставен совет го одобри укинувањето на задолжителната претплата на РТВ и наметна строги барања за Владата – да го гарантира финансирањето и независноста на јавниот сервис. Уставниот совет, кој не прави летна пауза, одобри пакет помош од 20 милијарди евра за граѓаните и ребаланс на буџетот за 2022 година, кој вклучува укинување на претплатите на РТВ. Таа одлука значи 138 евра повеќе годишно во секое домаќинство, што досега не беше ослободено од претплата на РТВ. Јавниот сервис нема да се приватизира, туку ќе се финансира од даноци, односно од државниот буџет. На овој начин, граѓаните всушност би продолжиле да го кофинансираат јавниот сервис, но индиректно. Токму тоа предизвикува критики во Франција, бидејќи постои ризик јавните служби да станат зависни од политиката.
Advertisements