Филмот „Русокоса“ на Ендрју Доминик дебитираше со долги 14-минутни овации за време на светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција. Ана де Армас, која ја игра главната улога – на Мерлин Монро, се расплака, па нејзиното лице блескаше додека солзите ѝ течеа надолу, пренесуваат западните медиуми.

Пред светската премиера на филмот, Бред Пит, кој е меѓу продуцентите, Де Армас, режисерот Ендрју Доминик, Адриен Броди и Џулијан Николсон привлекоа метеж на црвениот тепих – со обожавателите кои бараа автограми и по некој самослик.

По прикажувањето, и Броди се расплака, а Пит беше видно задоволен.

„Русокоса“ е уште еден биографски филм за прочуената Норма Џин, со уметничко име Мерилин Монро. Во споредните улоги се и Боби Канавал, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс. Филмот своето киноприкажување ќе го има од 28 септември.

Од 125 гласа на ИМДБ, засега филмот има просечна оценка од 7,6 / 10.