Сѐ повеќе француски туристички места воведуваат казни за туристи кои шетаат без маица или само во костим за капење надвор од плажите. Казните можат да достигнат и до 150 евра.
Меѓу градовите што ги заострија правилата е Нарбон, каде мерките ќе важат до крајот на септември. Локалните власти велат дека сакаат да го зачуваат редот и пријатната атмосфера во центарот на градот за време на туристичката сезона.
Градоначалникот Бертран Малкие истакна дека не станува збор за ограничување на туристите, туку за почитување на јавниот простор и основна пристојност.
Слични правила веќе важат и во Довил, Аркашон и Ле Сабл-д’Олон, каде локалните власти предупредуваат дека плажната облека е прифатлива на плажа, но не и во градските улици и историските јадра.
Текстот Француските летувалишта воведуваат казни до 150 евра за шетање без маица е превземен од МАКФАКС.












